Добредојдовте во Модул 4: Урбано градинарство– Одржување
Во претходните модули учевте за поставување на урбаната градина и за придобивките кои произлегуваат од урбаното градинарство,и за позитивното влијание што тоа го има врз вас, вашата заедница, и врз климата. Бевте креативни во замислата на вашата совршена градина и дефиниравте што ви е потребно за поставување на урбаната градина. Истраживте и ја дефиниравте локацијата, каков вид почва има градината и колку е изложена на сонце.
Во овој модул ќе ве запознаеме со начелата и основите за одржување на урбаната градина. Овој модул се фокусира на:
- Подготовка на почвата, разни налини на садење и основите за ротација на културите,
- Одржување како наводнување, ѓубрење, справување со треви и штетни организми, како се пресадуваат растенијата и како се создава ѓубриво,
- Култури: чување на овошјето и зеленчукот, сушење на цвеќињата и собирање на семето.