Youth (MK)

Добредојдовте во Модул3: Урбано градинарство I Поставување

Во претходните модули дознавте за придобивките од урбаното градинарство и за позитивното влијание што тоа го има врз вас, вашата заедница, и врз климата. Бевте креативни во замислата на вашата совршена градина. Во овој модул ќе влеземе во акција и ќе видиме што всушност ви треба за поставување на урбаната градина и се надеваме дека ќе дојдеме близу до вашата идеја за совршена градина. Секако треба да земеме предвид, каде би била лоцирана градината, каков вид почва би имала таа, колку сонце би добивала, колку е голема, каков тип градина сакате да креирате… . Во овој модул ќе ги воведеме начелата и основите за поставување урбана градина. Модулот се фокусира на:

  • Она што треба да го земете предвид при поставувањето на градината– чекори за планирање
  • Каков тип градина ѝ одговара на локацијата на градината и на условите што владеат таму (во смисла на почва, сонце, големина на земјиште и др.)
  • Алатки и инфраструктура за поставување на градината