Можностите кои ги нуди урбаното градинарство вклучува зајакнување на локалната економија и подобрување на квалитетот на животната средина во урбаните населби но исто така социјализација и зајакнување на најранливите групи. КМОП – Центар за социјална иновација и акција, гледајќи ги придобивките од создавањето и одржувањето на урбани градини во општеството во целина, во соработка со пет европски граѓански организации (Португалија, Германија, Исланд, Литванија, Македонија), ја спроведува Европска програма Еразмус+ УРБАН – Вклучување на младите преку активности за урбано градинарство.
Целта на проектот УРБАН е да им овозможи на младите од ранливите социјални групи или младите изложени на ризик од социјална исклученост да бидат активно вклучени, социјализирани и зајакнати. Во овој контекст, развиен е иновативен образовен метод за подобрување на личните, социјалните и дигиталните вештини. Начинот за постигнување на оваа цел е градинарството и соработката на млади луѓе кои се или во исти локални заедници или во различни земји и соработуваат од далечина, преку технолошки решенија.
Во сегашната фаза од проектот, креирана е наставна програма за обезбедување специјализирана обука за урбано градинарство и вклучува Прирачник за обучувачи, чија цел е да ги насочи тренерите како да им пристапат и да им помогнат на младите учесници кои сакаат да се обучат во областа на агрикултурни активности во урбаните средини. Овој прирачник содржи податоци од истражувањето на веќе достапниот материјал за урбано земјоделство, како и од анализата на податоци за изработка на Прирачникот „ЕКО-УРБАНО градинарство“, што се публикува во земјите партнери на УРБАН кој е лесен водич за употреба за создавање урбани градини, опфаќајќи технички прашања и пристапи кон методологиите за урбано градинарство.
Покрај наставната програма, во оваа фаза од проектот УРБАН, креиран е и едукативен материјал за развој на курсеви за урбано градинарство за млади луѓе. Наставната програма за обука за урбано градинарство за млади е наменета за младите луѓе кои сакаат да научат повеќе, да се едуцираат, да се поврзат и да учествуваат во урбани агрикултурни активности.
Материјалот од наставната програма и прирачникот е достапен на платформата за е-учење, креирана за целите на проектот. Вреди да се напомене дека одредена иновација на УРБАН е можноста за интеракција преку оваа платформа за е -учење, и развивањето на мобилна апликација (апликација URBAN) – достапна за iOS и Android – која ќе биде завршена во следната фаза од проектот и, меѓу другите, ќе содржи: i) список на настани поврзани со урбано градинарство во секоја земја партнер, ii) лесен начин да стапите во контакт со други урбани градинари, да разменувате совети и трикови и iii) да најдете локални иницијативи за средби.
За проктот
Урбаното градинарство е начин да се стимулира позитивна и локална динамика и да се создаде чувство на заедница меѓу луѓето кои веруваат дека животната средина игра фундаментална улога во екосистемот и прилагодувањето на климатските промени. Со учество во поставувањето и одржувањето на урбаните градини, ранливите категории на млади луѓе ќе се вклучат, ќе се поврзат и ќе се чувствуваат зајакнати благодарение на знаењето што ќе го стекнат. Главната цел на проектот УРБАН е да поттикне активно учество и едукација на членовите на локалната заедница-вклучително и младите кои се незадоволни и загрозени од маргинализација и локални младинци, на пример, мигранти, долгорочно невработени лица-преку поставување и одржување на урбаните градини. Дополнително, проектот ќе разработи иновативен образовен метод за да ги пренесе меките вештини преку градинарски работи на идните млади земјоделци, на пример, меѓучовечка комуникација, тимска работа, управување и планирање.
За повеќе инфирмации контактирајте преку емаил info@urbangardening.eu и на Facebook, преку оследниот линк.