За проектот

За проектот

Урбаното градинарство е начин да се стимулира позитивната и локална динамика и да се создаде чувство на заедница меѓу луѓето кои веруваат дека животната средина игра основна улога во екосистемот и прилагодувањето на климатските промени. Со учество во поставување и одржување на урбани градини, ранливите категории на млади луѓе ќе се вклучат, ќе се поврзат и ќе се чувствуваат самоуверено благодарение на знаењето што ќе го стекнат.

Главната цел на проектот УРБАН е да поттикне активно учество и едукација на членовите на локалната заедница – вклучително и исклучени и загрозени категории млади лица и локална младина, на пр. мигранти, долгорочно невработени лица – преку поставување и одржување на урбаните градини.

Дополнително, проектот ќе разработи иновативен едукативен метод за предавање на “меки вештини” на идните млади земјоделци преку работа во градината, на пр. меѓучовечка комуникација, тимска работа, управување и планирање.

УРБАН има за цел...