Во модерниот свет кој брзо се менува, урбанизацијата и прекумерната концентрација на население во големите урбани центри создаваат нови потреби и услови за живот што на крајот имаат директни или долгорочни ефекти врз поединецот и општеството во целина. Всушност, денес, 55% од светското население живее во урбани средини, процент што се очекува да се зголеми на 68% до 2050 година, според новите податоци на Обединетите нации.
Во такво опкружување, идејата за урбано градинарство се појави инспирирана од потребата за друг начин за користење на расположливите ресурси, како што се урбаните области, комбинирање на времето и исполнување на потребите како што се егзистенција, вработување, социјализација, забава, креативност.
Во овој контекст, КМОП во соработка со 5 граѓански организации го изработија „Еко УРБАН Прирачникот за градинарство“, иновативен прирачник наменет за младите луѓе и особено за ранливи групи на млади луѓе кои се обидуваат да најдат начин за социјална инклузија и вклучување на пазарот на трудот, и кои сакаат да ги подобрат своите вештини во урбаното градинарство.
Прирачникот се состои од пет делови кои вклучуваат преглед на она што е УРБАНО градинарство, теоретскиот пристап кон дефинирањето на урбаното грдинарство, основното знаење неопходно за започнување на урбана градина, како и презентација на резултатите од истражувањето спроведено во партнерските држави вклучени во проектот, корисни информации за финансирање на проекти за урбано градинарство, како и препораки за политики за подобрување на постојните практики што може да ги користите за создавање урбана градина.
Прирачникот дава практични информации и насоки за оние кои се заинтересирани за создавање урбани градини и придонесување за позелено општество.
За повеќе информации, преземете го прирачникот бесплатно овде.
За проектот URBAN
Проектот „УРБАН“ ќе ја подигне свеста и ќе ги едуцира членовите на локалната заедница – вклучително и ранливите и загрозени млади луѓе, мигранти/бегалци – преку поставување и одржување урбани градини. Додадената вредност на проектот УРБАН, исто така, е придонесот кон континуираната дискусија за адаптација на климатските промени, екосистемот и одржливиот развој.
За повеќе информации во врска со проектот, можете да ја посетите официјалната веб-страница https://www.urbangardeningproject.eu/,
Facebook страница https://www.facebook.com/urbangardeningproject/ или пак да ни испратите маил на info@urbangardening.eu