Урбаното градинарство не е само начин за поодржливо одгледување на зеленчук, тоа е исто така начин да запознаете други луѓе и да стекнете нови вештини. Тоа нуди многу научни и здравствени придобивки, но најмногу ги поврзува заедниците. Урбаните градини обезбедуваат можност за зајакнување на социјалната вклученост преку конструктивни активности, придобивки за заедницата, градење на односи и развој на меѓучовечки вештини.
Во таа насока, KMOП – Центар за социјална акција и иновации (Грција), BUPNET (Германија), Einurd (Исланд), Xwhy (Литванија), Amadora Inova (Португалија) и KMOP Скопје (С.Mакедонија) ги здружија силите за спроведување на проектот УРБАН – ” Вклучување на младите преку активности за урбано градинарство “. Проектот ќе ја подигне свеста и ќе ги едуцира членовите на локалната заедница – вклучувајќи ранливи и загрозени категории на млади луѓе, мигранти / бегалци – преку воспоставување и одржување урбани градини. Додадената вредност на проектот УРБАН исто така го вклучува и неговиот придонес на зголемената дискусија за климатските промени, екосистемот и одржливиот развој.
УРБАН ќе ги постигне своите цели преку развој на ресурси за обука и учење, кои го поддржуваат професионалниот развој на практичарите и едукаторите во областа на образованието на возрасни; активно вклучување на локалната младина загрозена од маргинализација; развој на програма за обука заснована на активности поврзани со поставување и одржување на урбани градини.
Проектот официјално започна во јули, а првиот состанок на партнерите се одржа преку Интернет. Партнерите веќе развија истражувачки пакет што ќе им овозможи да спроведат.
интервјуа со млади луѓе и експерти за урбано градинарство, со цел да развијат „ Еко УРБАН Прирачник за градинарство “, што ќе биде прирачник за најдобри практики за урбано градинарство.
Проектот URBAN е финансиран од програмата Еразмус + на Европската комисија и ќе трае 24 месеци (јуни 2020 – мај 2022). Имплементиран е од мрежа на шест искусни партнерски организации од Грција, Германија, Португалија, Литванија, Исланд и С.Македонија, предводена од КМОП – Центар за социјална акција и иновации.
3а повеќе информации за проектот, посетете ја официјалата веб страна https://www.urbangardeningproject.eu/, Фејсбук страната https://www.facebook.com/urbangardeningproject/ или пратете порака на info@urbangardening.eu!